Дома Фудбал Алегри: Филозофијата на Пеп е исклучок, беше базирана на тројца играчи

Алегри: Филозофијата на Пеп е исклучок, беше базирана на тројца играчи

Трофејниот италијански стратег, Масимилиано Алегри смета дека филозофијата на Гвардиола од времето на Барселона е исклучок и не може да се применува секаде.

„Филозофијата на Пеп беше изградена врз тројца играчи, таја не е за секого“, изјави Алегри.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Долги години гледавме што прави Гвардиола во Барселона. Меѓутоа тоа е исклучок и не може да биде правило во фудбалот. Историскиот тим на Барса се роди благодарение на тројца големи фудбалери кои вршеа висок пресинг и ги затвораа противничките дефанзивци“, објаснува Алегри.

„Меѓутоа, за да го изведеш тоа треба да го имаш Чави, Меси и Иниеста. Само тие можат да ги прават работите на тој начин. Таквата филозофија со други фудбалери е осудена на пропаст“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…