Дома Топ вести Алегри сонува за трансфер на Салах

Алегри сонува за трансфер на Салах

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сонува за трансфер на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, пренесуваат италијанските медиуми.

Пауло Дибала сигурно заминува на крајот на сезоната, а Алери го посочил Салах како идеална замена за Аргентинецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, но конкуренцијата за потписот на Египќанецот е огромна бидејќи силен интерес покажуваат уште ПСЖ и Барселона.

Алегри следната сезона ќе игра со формација 4-3-3 и верува дека Салах ќе биде идеален заедно со Влаховиќ и Киеза.

Сепак, мали се шансите Јувентус да го доведе Салах, кој бара годишна плата од 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…