Масимилиано Алегри се чувствува изневерен од Јувентус, посебно од претседателот Ањели, откри неговиот ментор Џовани Галеоне.
Алегри имаше договор на уште една година со Јувентус, но Ањели изненадувачки реши да ја пекине соработката со трофејниот тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Алегри е навистина лут и чувствува дека е предаден од Јувентус. Беше изневерен од Андреа Ањели. Се уште нема преминато преку ова што се случи, но јас веќе извесно време го советував да си замине од Јувентус. Тоа е арогантен клуб и постапуваат како се да е нивно во светот“, изјави Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Алегри.
За нов тренер на Јувентус беше назначен Маурицио Сари, а Галеоне смета дека тој не е подготвен за таков предизвик.
„Тој е малку хаотичен и не е подготвен за ваков предизвик“, смета Галеоне.
Massimiliano Allegri is to take a year out of football.
"The last 16 years have felt like being in a spin-dryer."
More: https://t.co/8mp6DmpOCd pic.twitter.com/MqublSjqYx
— BBC Sport (@BBCSport) June 13, 2019