Дома Трансфер зона Алегри откри: Дибала ќе заврши во еден од овите три клуба!

Алегри откри: Дибала ќе заврши во еден од овите три клуба!

0

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри зборуваше отворено за својата иднина, како и за иднината на најголемите ѕвезди во неговиот тим.

Алегри потврди дека го одбил Реал и неколку други клубови за да остане во Јувентус.

Тренерот на „бјанконерите“ притоа истакна дека Дибала ќе остане во Торино уште неколку сезони, а потоа наброи три клубови каде би можел да се пресели младиот Аргентинец.

„Неговата иднина? Зборував со него пред да замине и неговата цел е да има уште неколку добри сезони со нас и потоа да оди во одличен тим да се подобри. Ако играте за Јувентус имате само три шанси да се подобрите: Баерн, Реал и Барселона“, заклучи Алегри.


Следете го Sportski.mk и на


Игуаин? Јувентус е спремен да им ја отвори вратата на сите што не се задоволни и сакаат да заминат. Игуан не ни кажа дека сака да замине, ќе видиме што ќе се случи“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанците тврдат: Реал тргнува по Тимо Вернер!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид сака да го засили нападот до завршувањето н…