Дома Фудбал Италија Алегри незадоволен од раководството поради трансферите

Алегри незадоволен од раководството поради трансферите

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е загрижен за летната селекција, тврди „Кориере дело спорт“.

Во оваа фаза само Пол Погба изгледа како сигурно ново засилување, а многу играчи си заминуваат и се уште нe се знае како ќе бидат заменети.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Си заминуваат Џорџо Киелини, Пауло Дибала, Федерико Бернардески и најверојатно Алваро Мората.

Јувентус подготовките за новата сезона ќе ги започне на 4 јули и најверојатно нема да бидат обезбедени засилувања во три недели до тој датум. Ситуацијата може да ја искомплицира и тоа што иднината на Матијас Де Лихт е неизвесна.

Алегри побара од управата да го забрза процесот на селекција и да почне поконкретно да настапува на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер “замрзна” во Норвешка

Интер ризикува да испадне уште во плејофната рунда на Лигата на шампионите, откако загуби …