Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи откажал неколку понуди ова лето бидејќи сакал да остане во Јувентус.




Клубот имаше желба да се раздели со Велшанецот, а неколку клубови од Англија покажаа конкретен интерес за него.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
30-годишниот Рамзи има договор со Јувентус на уште две години и реши да остане во Торино и да се бори за место во тимот.




Меѓутоа, Алегри го „пречкрта“, не смета повеќе на него и јасно му порачал дека слободно може да си бара нов клуб во јануари.




Рамзи е еден од најплатените играчи на Јувентус со годишна плата од 8 милиони евра, па „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него.




Интерес за Велшанецот покажуваат Вест Хем, Евертон и Тотенхем, па најверојатно ќе се врати во Премиер лигата