Како што пренесуваат англиските медиуми наводно во Челзи размислуваат за враќање на Петар Чех доколку Тибо Куртоа го напушти клубот.
Тибо Куртоа има уште една година од договорот со „сините“ и на големо се пишува за негов трансфер во Реал Мадрид, се споменува сума од 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради ваквата ситуација Челзи би можел да се одлучи да го врати 36 годишниот Петар Чех. Чех во 2004 година од Рен премина во Челзи. Чешкиот голман дресот на овој клуб го носеше 11 години, се до 2015 година кога одлучи да се пресели во Арсенал.
Покрај Чех, се наведува дека Челзи покажал интерес и за Каспер Шмајхел од Лестер.