Дома Фудбал Азар повторно ги загрижува „кралевите“

Азар повторно ги загрижува „кралевите“

Рехабилитацијата од повредата на ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар не оди според планот, пренесува „АС“.

Белгиецот се здоби со најновата повреда на 3 февруари, а првичните прогнози беа дека ќе се врати на терените за 3 до 4 недели.

Лекарите на Реал се надеваа дека Азар ќе ги обнови тренинзите на почетокот на март.

Во саботата Белгиецот одработил интензивен тренинг, но почуствувал болки, па готово сигурно ќе го пропушти дуелот со Атлетико следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…