Еден Азар не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и од малата минутажа која ја добива, па одлучи да ја промени средината.
Азар оваа сезона добива многу мала минутажа и запиша само 17 настапи во Примера, па веќе го известил својот агент да му бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот не е задоволен, а „Марка“ тврди и самиот Реал Мадрид сака да се ослободи од него, па дури е спремен да го пушти на позајмица.
Интерес за Белгиецот покажуваат Челзи, Арсенал и Њукасл, па неговото враќање во Премиер лигата е се поизвесно.
Интерес има и кај некои клубови од Серија А, но проблем е високата плата која ја добива Азар во моментов.