Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро сака кариерата да ја продолжи во Барселона.
„Кадена Сер“ тврди дека луѓе блиски на Аргентинецот откриле дека Агуеро се надева на повик од каталонскиот клуб за да се пресели на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Догворот на Агуеро со Манчестер Сити истекува на лето, а управата на клубот засега не му понудиле нов. Поради тоа Аргентинецот се поврзува со заминување.
И покрај тоа што Агуеро има 32 години се уште кога е здрав е еден од најдобрите напаѓачи во светот и голгетер од светска класа, па Барселона може да го обнови интересот за него.
На Каталонците им е потребен напаѓач, а Агуеро може да пристигне без обештетување.