Дома Фудбал Англија Агуеро се огласи по операцијата на коленото и најави кога се враќа на теренот

Агуеро се огласи по операцијата на коленото и најави кога се враќа на теренот

Серхио Агуеро доживеа повреда во реваншот од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Ливерпул и мораше да го напушти теренот по само 24 минути гира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот не можеше ниту да трча поради болките во коленото. Вчера, Серхио Агуеро се огласи преку Твитер и рече:

„Се опоравувам од артроскопска операција на коленото. Целосно сум мотивиран за што побрзо да се вратам на теренот“, напиша Агуеро.

Напаѓачот на Аргентина нема да игра за Манчестер Сити до крајот на сезоната, но ќе биде спремен за натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска на Светското првенство во Русија. Агуеро е многу важен играч за репрезентацијата на Аргентина, а на 84 настапи постигна 36 гола, додека оваа сезона во Манчестер Сити постигна 30 гола и 7 асистении во само 39 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел пред натпреварот со Мексико доби прашање за – вијагра!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, со насмевка се соочи со прашањето дали неговиот тим уп…