Легендата на аргентинскиот фудбал, Кун Агуеро зборуваше за иднината на неговиот пријател Лео Меси.
Иднината на Меси е главна тема во медиумите бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Аргентинецот одби продолжување на соработката.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Се погласни се шпекулациите дека Меси може да се врати во Барселона, а Агуеро излезе со проценти за можното враќање на „Камп Ноу“.
„Верувам дека Лео Меси сака да се пензионира во Барселона бидејќи тоа е негов дом и таму треба да ја заврши кариерата. Мислам дека Лапорта треба да се обиде да го врати назад. Ако Лапорта го направи првиот чекор, враќањето на Меси ќе биде поблиску. Моментално шансите се 50/50“, изјави Агуеро.