Дома Топ вести Агентот пристигна во Торино: Се решава иднината на Дибала

Агентот пристигна во Торино: Се решава иднината на Дибала

Агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун, пристигна во Торино за да ги продолжи разговорите за нов договор со Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

 Дваесет и шест-годишниот аргентински напаѓач, кој беше избран за најдобар играч во Серија А минатата сезона, инсистира да добива 11 милиони евра годишно. Meѓутоа, раководството му нуди помала плата, што во моментов е пречка за потпишување на нов долгорочен договор.

Актуелниот договор на Дибала со Јувентус истекува во 2022 година, па неговата иднина мора да биде решена сега бидејќи на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот и неговата цена значително ќе се намали.

Јувентус сака да ја продолжи соработката, но не е спремен да ги задоволи финансиските барања на Аргентинецот. Поарди тоа, можно е Дибала да биде продаден ова лето, но само ако пристигне понуда од 80 милиони евра. „Газета дело Спорт“ пренесува дека во наредните денови ќе се реши иднината на одличниот Аргентинец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не го примиле на работа во Мекдоналдс, па стана ѕвезда на Баерн Минхен

Баерн минтата сезона издоминира во сите натпреварувања и успеаа да ги освојат сите натпрев…