Европските гиганти веќе ја почнаа битката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.
20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, а тоа го прави уште поинтересен за европските гиганти.
Минатото лето Милан покажува најсилен интерес за овој „дијамант“, а сега во трката се вклучија Баерн Минхен, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Арсенал и Лајпциг.
Агентот потврди дека се уште нема постигнато договор со ниту еден клуб, но во јануари најверојатно ќе ја промени средината.
„Ќе бидам изненаден ако и после јануари остане во Австрија. Интересот за него е огромен. Сигурен сум дека ќе избере клуб каде што ќе може додатно да се развива“, изјави агентот на Собослај.