Сагата за трансферот на Набил Фекир во Ливерпул не е завршена, потврди агентот на францускиот репрезентативец, Жан Пјер Берне.
Во моментов ѕвездата на Лион е со репрезентацијата во Русија, но после завршувањето на СП темата за неговата иднина повторно ќе биде актуелна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фекир беше пред трансфер во Ливерпул, ги помина и медицинските прегледи, но Ливерпул во последен момент сакаше да ја намалу цената, па трансферот не се реализира.
„Фекир не потпиша, но се уште ништо не е готово. Тоа не е крајот на историјата. Ќе почекаме да заврши Муднијалот и ќе видиме што ќе се случи“, изјави агентот Берне.