Дома Топ вести Се е спремно, договорите чекаат на потпис: Нејмар и ПСЖ, Барса и Кутињо

Се е спремно, договорите чекаат на потпис: Нејмар и ПСЖ, Барса и Кутињо

Нејмар се поблиску до „Паркот на Принцовите“, Ливерпул ја одреди цената за Кутињо кој се согласи на намалување на платата само да се пресли во Барселона.

Статусот на Нејмар продолжува да прави земјотреси во Каталонија. Ништо се уште не е договорено, а локалните медиуми во Барселона се плашат дека Бразилецот е се поблиску до ПСЖ и дека Барса токму поради тоа го забрза доведувањето на Филипе Кутињо од Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што се случува околку Нејмар?

Бразилецот се уште не се огласи за својата иднина што значи дека се уште не одлучил. ПСЖ чека, со веќе подготвени договори на кои фали само потпис. Да сакаше да стави точка на целата приказна и да го потврди останувањето во Барселона, Нејмар до сега би можел тоа да го направи со една изјаа или порака. Но не… Пораката на Пике на социјалните мрежи само кратко ја смири ситуацијата. Изгледа дека Шпанецот истрча и без дозвола на Нејмар соопшти дека Бразилецот останува…

Денеска и францускиот „L’equipe“ пренесува приказна преку целата насловна страна. Францускиот весник до сега не прогнозираше премногу околку Нејмар, но утринава ја лансираше приказната дека трансферот е на крајот и дека ПСЖ е подготвен да ја плати клаузулата од 220 милиони евра, иако од Барселона добија одговор дека играчот не е на продажба. Тој одговор на Барса ништо не вреди доколку Нејмар се одлучи да си замине, бидејќи во тој случај каталонскиот клуб не се прашува.

Песимизмот во Каталонија расте и поради фактот дека луѓето од опкружувањето на Нејмар, како таткото и некои менаџери ги прекинаа сите контакти со клупското раководство и дека сега Нејмар е единствениот кој знае каква му е иднината. Целата ситуација излезе од контрола и нервите полека излегуваат на сите страни. Во Барселона бараат Нејмар што побрзо да се изјасни, а трпението го губи и ПСЖ кој се надева на конечен одговор до крајот на неделата.

На Нејмар му е јасно дека во Барселона нема да ги добие финансиските услови кои му ги нуди ПСЖ. А 30 милиони евра по сезона во договор на шест години, не е лесно да се одбијат… Плус бонус за таткото и менаџерите од 40 милиони евра.

Проблем е тоа што хистеријата околку статусот на Нејмар полека се чувствува и во соблекувалната. На играчите им е доста од приказната за Бразилецот. Меси, Пике, Суарез и останатите го направија своето, разговараа со соиграчот, се обидеа да го убедат и сега не сакаат да се занимаваат со неговата одлука. Додека истовремено, Дани Алвеш и бразилската колонија од Париз секојдневно го бомбадира сонародникот со повиците да му се придружи.

Чекајќи Нејмар конечно да пресече и да се изјасни дали сака да игра во Барселона или ПСЖ, клубот од „Камп Ноу“ мора да се подготви и за најлошата опција.

И затоа се повеќе го стегаат оброчот околку Филипе Кутињо. Иако Ливерпул нагласи дека играчот не е на продажба, Барса не се грижи многу за пораките од „Енфилд“. Првата понуда од 80 милиони евра е одбиена, но тоа е само почетокот на ловот на Барса на Бразилецот.

Директор Санљехи беше во Англија каде што доби зелено светло од менаџерот на Кутињо да започнат преговорите околку доведувањето на Кутињо на „Камп Ноу“. Потоа на Островот пристигнаа техничкиот директор Роберт Фернандез и посредникот Андре Кури. Тие разговараа со менаџерот на Кутињо и дури добија потврда дека Бразилецот се согласил на намалување на платата само за да се пресели во Барса. Но, со услов да има високи бонуси за тимските и индивидуалните успеси.

Но, преговорите со Ливерпул ќе бидат со многу повеќе пречки. Каталонскиот Спорт дознава дека Ливерпул се обидува да ја натера Барселона да плати 150 милиони евра за трансферот на Кутињо. „Црвените“ веруваат дека Барса нема да плати толку пари… Меѓутоа, доколку ПСЖ ја плати клаузулата од 220 милиони евра, тогаш ниту бараната сума на Ливерпул од 150 милиони евра не е сигурна.

Сите чекаат што ќе одлучи Нејмар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…