Дома Фудбал Нејмар барал од Барса да донесе двајца Бразилци

Нејмар барал од Барса да донесе двајца Бразилци

Како што пренесуваат шпанските медиуми Нејмар на Барселона и поставил причино необични услови за да остане на „Камп Ноу“.

Имено, Нејмар побарал од раководството за да не замине во ПСЖ, каталонскиот клуб да ги купи неговите пријатели и сонародници Филипе Кутињо и Паулињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По правилата на Ла Лига еден клуб во своите редови може да има три фудбалери кои имаат пасоши надвор од Европската унија. Моментално во Барселона се Нејмар, Даглас, Марлон Сантос и Луис Суарез.

Меѓутоа даглас најверојатно ќе оди на позајмица, а Нејмар во рок од еден месец треба да добие шпански пасош, што значи дека се отвараат две места за играчи надвор од ЕУ.

Барселона понуди 80 милиони евра за Кутињо, но „црвените“ експресно ја одбија. Истото се случи и со кинескиот клуб Гвангжу кој ги одби двете понуди на Каталонците за Паулињо.

Останува да видиме дали Барса ќе успее да ги исполни условите на Нејмар, а во меѓувреме неговиот агент изјави дека се уште не донесол конечна одлука дали да се пресели во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…