Денешниот референдум во Каталонија би можел да има големо влијание врз шпанските фудбалски клубови и шпанската репрезентација.
Каталонија денес гласа на референдум и ако жителите на оваа покраина се изјаснат позитивно, тоа ќе значи отцепување од Шпанија. Во политичките игри се вклучи и Фудбалската федерација која се закани дека ќе ја исфрли Барселона и останатите каталонски клубови од Примера, доколку биде изгласана независност.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На тоа веднаш реагираше ФИФА која се закани дека доколку Барселона биде исфрлена од Ла Лига во тој случај на Шпанија нема да и биде дозволен настап на Светското првенство во Русија следната година.
ФИФА смета дека тоа не е правилно и го толкува како „влијание на политиката врз работата на Федерацијата“, што е строго забрането по статуот на Светската фудбалска федерација.