Дома Фудбал Нема крај на агонијата на шампионот: Астон вила ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Нема крај на агонијата на шампионот: Астон вила ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Манчестер Сити игра катастрофална сезона. Тимот на Пеп Гвардиола реди порази, а денеска „Граѓаните“ на „Вила Парк“ беа совладани од Астон Вила со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од самиот почеток домашниот тим ги притискаше гостите. Ортега во воведните минути спаси неколку зицери и го зачува својот тим.

Меѓутоа, во 16-та минута ништо не можеше да направи кога Џон Дуран постигна гол за 1:0.

Вториот гол Астон Вила го постигна во 65. минута кога Роџерс ја искористи шансата која му се укажа и погоди за 2:0.

На крајот Сити успеа само да ја намали предноста на ривалот. Во надополнувањето постигна гол Фил Фоден за конечни 2:1 во корист на Астон Вила која ја продлабочи кризата на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…