Дома Трансфер зона Џузепе Роси повторно ќе игра фудбал во Италија

Џузепе Роси повторно ќе игра фудбал во Италија

Џузепе Роси е еден од оние фудбалери кои повредите го спречија да го исполни својот голем потенцијал, меѓутоа тој се уште сака да игра фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роси денес има 35 години и според италијанските медиуми екипата на СПАЛ е подготвена да му даде нова шанса. СПАЛ беше купен од американскиот бизнисмен Џо Таколина и неговите амбиции се да го врати тимот во Серија А. Според него искуството и квалитетот на Роси можат да бидат од голема корист.

Џузепе Роси е дете на парма. После банкротот во Парма во 2004 година Роси се пресели во Манчестер Јунајтед, а потоа го носеше дресот уште на Виљареал, Њукасл, Леванте, Џенова, Фиорентина, Селта…Сепак, никаде не го исполни потенцијалот кој го поседуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…