Искусниот англиски фудбалер Џон Тери минатото лето одлучи да го напушти Челси и кариерата да ја продолжи во Астон Вила.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тери со Астон Вила стигна на чекор до враќање во ПЛ, но на крајот не успеа бидејќи во доигрувањето беа поразени од Фулам. Иако искусниот дефанзивец прикажа добри игри во дресот на Вила на крајот одлучи да го напушти клубот.
Астон Вила официјално потврди на својата страна дека Тери одлучил да го напушти клубот откако му истекол едногодишниот договор. Се уште не е познато дали Тери одлучил да ја заврши кариерата или ќе продолжи во некој друг клуб.
„Сакаме да соопштиме дека Џон Тери ќе го напушти клубот ова лето. Му благодариме за се што направи во оваа сезона. Покажа дека е вистински лидер и сето она што го очекувавме од него. Му посакуваме многу среќа во иднина.“ – објавија од Астон Вила.