Дома Трансфер зона Џејмс Родригез соопшти неочекувана одлука на челниците на Баерн

Џејмс Родригез соопшти неочекувана одлука на челниците на Баерн

Колумбијскиот фудбалски репрезентативец, Џејмс Родригез ги изненади челниците на германскиот гигант Баерн по враќањето од Мундијалот.

Како што пренесува Марка, Џејмс им порачал на челниците на Баерн дека ова лето сака да се врати во Реал, иако договорот кој беше постигнат минатото лето е во важност од две години.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Што го наведе Џејмс на овој потег? Одговорот е јасен. По заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на Реал, Џејмс сака кај новиот тренер Лопетеги да се обиде да избори место во стартните 11.

Како што пренесува истиот извор, претседателот на Реал Флорентино Перез нема ништо против тоа Џејмс да се врати во клубот, но проблем претставува финансискиот договор со Баерн бидејќи позајмицата треба да биде две години.

Да потсетиме, минатото лето остана мистерија како Баерн и Реал ги договорија финансиските детали за трансферот, а се претпоставува дека Кралевите оставиле опција на Баерн после две години да имаат право на откуп на договорот за 50 милиони евра.

Токму тоа сега би требало да биде проблем, односно треба двата клуба да постигнат финансиски договор доколу Џејмс се врати пред истекот на позајмицата.

Нормално, Колумбиецот и слични играчи сега добро би му дошле на Реал откако пред три дена остана без првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …