Дома Трансфер зона Џака ќе биде првото засилување за Мурињо во Рома

Џака ќе биде првото засилување за Мурињо во Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е пред трансфер во Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот за врска на Арсенал е голема желба на Жозе Мурињо и двата клуба веќе неколку недели водеа преговори за негов трансфер.

Според информациите Рома понудила 18 милиони евра со бонуси и Арсенал ја прифатил понудата.

Џака дал согласност да се пресели на „Олимпико“, па во моментов неговиот агент ги договара последните детали со „волчицата“ и наскоро трансферот треба да биде официјализиран.

Во Арсенал Џака пристигна во 2016 година, а во последно време беше мета на навреди на навивачите, па и самиот сакаше да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…