Дома Фудбал Џејми Карагер го кажа за Челси што сите го мислат

Џејми Карагер го кажа за Челси што сите го мислат

Фудбалерите на Челси вчера го победија Тотенхем во лондонското дерби и така со натпревар повеќе имаат четири бода помалку во однос на лидерот Ливерпул.

Енцо Мареска успеа да го поттикне Челси кој доживува најдобри денови откако новите сопственици влегоа во клубот. Тимот полн со талентирани играчи игра отворено, брзо и атрактивно, што никогаш не било гаранција за успеси, но изгледа дека се на добар пат.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сепак, никој не го гледаше Челси на врвот на табелата во Премиер лигата оваа сезона. Манчестер Сити и Арсенал летово важеа за главни кандидати за првите две места, Ливерпул беше под нив, а Челси никој не го сфаќаше сериозно.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и аналитичар на „Скај спорт“ Џејми Карагер изјави дека Челси не смее да се смета за аутсајдер.

“Аутсајдери? Нема збор за аутсајдери. Потрошија 1.200.000.000 фунти”, рече Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Незабележано предавство во Барселона, Тер Штеген разоткриен: “Нема повеќе играње будала”

Марк-Андре тер Штеген се соочува со отказ во Барселона. Одбива било каква соработка со клу…