Дома Фудбал Англија Ќе ве насмее до созли: Еве зошто Мурињо му подари часовник на Арнаутовиќ

Ќе ве насмее до созли: Еве зошто Мурињо му подари часовник на Арнаутовиќ

Актуелниот напаѓач на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ има убави сеќавања од соработката со Жозе Мурињо во Интер, иако воопшто не играше.

Во последната сезона на „Специјалниот“ на клупата на „нероаѕурите“ Арнаутовиќ запиша само три настапи во Серија А, а Мурињо потоа го опиша како „фантастична личност која се однесува како дете“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Арнаутовиќ откри една интересна анегдота од припремите во Абу Даби 2009 година.

„Се успав за поручекот, тоа беше задоцнување број еден. Следеше тимски состанок – хотелот беше огромен, мојата соба на 75-ти спрат и чекав лифт, па закаснив седум минути. Катастрофа број два. Потоа пред состанокот за натпреварот се случи истото и помислив: „Ке ме убие“. Малку се расправавме и тој ден тренирав одвоено од тимот“, раскажува 28-годишниот Арнаутовиќ.

„Се вративме во Милано, мислев дека имаме тренинг наутро и дојдов точно на време. Немаше ниту еден автомобил, всушност сме имале тренинг попладне тој ден. Сепак, Мурињо беше тука со стручниот штаб, стана, почна да аплаудира и да се смее: „Ти си мој човек. Дојде пет часа пред тренингот. Те сакам! Еве земи го мојот часовник“. Се уште го чувам тој часовик во мојот дом“, открива Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул за 35 милиони евра носи еден од најдобрите играчи на Леверкузен?

Ливерпул ова лето ќе остане без долгодишниот десен бек Трент Александер-Арнолд, кој како с…