Дома Топ вести Њукасл спреми 100 милиони за Кварацхелија

Њукасл спреми 100 милиони за Кварацхелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажува Њукасл.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот Еди Хау сака да доведе уште еден квалитетен играч во Њукасл пред настапот во Лигата на шампионите и е спремен да понуди 100 милиони евра за Кварацхелија.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но понудата од Њукасл сигурно ќе го натера на размислување.

Самиот Кварцхелија е интригиран од идејата да се пресели во Премиер лигата, а Њукасл му нуди три пати поголема плата од актуелната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот на Реал Мадрид од полуфиналето како награда добива – откуп на договорот!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу беше херојот на вчерашниот пласман на овој клуб во новото…