Дома Трансфер зона Љубовта заврши: Помеѓу Видал и Баерн е ГОТОВО!

Љубовта заврши: Помеѓу Видал и Баерн е ГОТОВО!

После низата на проблеми кои ги правеше надвор од теренот, но и лошите партии, Баерн донесе одлука да се ослободи од Артуро Видал.

Чилеанецот исто така е незадоволен, сака да се врати во Италија, особено после смената на Анчелоти бидејќи Хејнкес смета Видал не му е потребен во тимот.

Проблем е неговата цена. Баварците сакаат да ја вратат сумата која му ја платија на Јувентус, 40 милиони евра, но италијанските клубови не се спремни да ја платат.

Интер е најсилно заинтересиран, но не сака да плати толкава сума за фудбалер кој влегува во четвртата деценија, притоа веќе го договори трансферот на Рамиреш.

Можно е „нероаѕурите“ да се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп, но ќе имаат конкуренција од Челзи бидејќи не е тајна дека Конте повторно сака да соработува со Чилеанецот.

Јасно е дека Видал ја заврши авантуарата во Баерн и само прашање на време е кога ќе ја напушти „Алијанц Арената“, во јануари или следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…