Пол Погба на маса има понуда да стане најплатен играч во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ прават се за да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ му понудиле 5-годишен договор според кој Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата и ќе заработува 400.000 фунти неделно.
Имајќи предвид дека Манчестер планира да му понуди петгодишна соработка, вкупната плата за дадениот период би изнесувала 111.600.000 евра.
Поради тоа од „Олд Трафорд“ се оптимисти дека Погба ќе ја прифати понудата и ќе стави потпис на нов договор. Во спротивно ќе мора да биде продаден ова лето бидејќи следната година може да замине како слпбоден играч
.