Манчестер Јунајтед ќе го продаде Џеси Лингард за да обезбеди средства за летниот преоден рок, пишува „Гоал“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лингард го изгуби местото во тимот откако дојде Бруно Фернандеш кој се наметна како лидер на тимот. Покрај тоа солидни настапи прикажува и Одион Игало кого Јунајтед го доведе исто така во зимскиот преоден рок. Поради таквата ситуација Лингард добива само минути во куп натпреварите.
Во Јунајтед имаат намера да доведат еден од: Џадон Санчо, Џек Грилип или Џејмс Медисон. Се очекува и Пол Погба да го напушти клубот, а од него „црвените ѓаволи“ ќе добијат околу 100 милиони евра.
Секако најголема желба е Џејдон Санчо меѓутоа Дортмунд него нема да го пушти за сума помала од 140 милиони евра.