Алексис Санчез минатото лето како позајмен фудбалер премина од Манчестер Јунајтед во Интер, меѓутоа за разлика од Белгиецот Ромелу Лукаку на Санчез воопшто не му оди.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Санчез сезонава настапи на само 12 натпревари и на само пет од нив беше стартер. Кога е неговиот учинок во прашање запиша само две асистенции и постигна еден гол. Причина за ваквата слаба на сезона на Санчез имаше и повредата.
Англиски „Дејли Мејли“ денес објави дека поради споменатата ситуација Интер нема намера да го откупи договорт на Санчез. Истиот медиум тврди и дека спортскиот директор на Интер, Бепе Марота тоа веќе му го соопштил на Санчез.
Во Манчестер Јунајтед тешко дека посериозно ќе сметаат на Чилеанецот, па јасно е дека повторно ќе го имаат истиот проблем од минатото лето кога се мачеа да се ослободат од него. Ќе потсетиме, Интер има право да го откупи неговиот договор за сума од 20 милиони евра.