Дома Трансфер зона Јунајтед во Амстердам завршува трансфер од 55 милиони евра

Јунајтед во Амстердам завршува трансфер од 55 милиони евра

Претставници на Манчестер Јунајтед отпатуваа во Амстердам за да го договорат трансферот на Лисандро Мартинез, еден од најдобрите играчи на Ајакс.

„Црвените ѓаволИ“ во првиот припрмеен натпревар го совладаа Ливерпул со убедливи 4:0, но менаџерот Ерик Тен Хаг не може да се опушти затоа што е јасно дека на екипата и се потребни засилувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Засега единствениот играч кој пристигна на „Олд Трафорд“ е левиот бек Тирел Маласија од Фејенорд, а холандскиот тренер се спрема да доведе уште едно засилување од својатра земја.

Тен Хаг во Ајакс во 2019 година го доведе 24-годишниот Лисандро Мартинез кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на Ајакс. Јунајтед се обидуваше да го доведе Аргентинецот и претходно ова лето, но почетната понуда од 50 милиони евра Ајакс ја одби.

И Арсенал исто така беше заинтересиран за овој играч, но се откажа затоа што на „Емирати“ сметаат дека Мартинес повеќе би сакал да игра под водство на својот поранешен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…