Дома Трансфер зона Јувентус ја сака младата шпанска ѕвезда

Јувентус ја сака младата шпанска ѕвезда

Jувентус има нова мета, а тоа  е младата ѕвезда на Валенсија, Феран Торес, пренесуваат италијанските медиуми.

Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Јувентус сигурно ќе се обиде да ја намали цената бидејќи играчот на лето влегува во последната година од договорот.

Јувентус е во потрага по нов напаѓач бидејќи на лето најверојатно ќе се раздели со Игуаин, а „бјанконерите“ веруваат дека Торес би бил долгорочно решение за нападот.

Сепак, „старата дама“ ќе има жестока конкуренција бидејќи за Торес заинтересирани се уште Реал Мадрид и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…