Дома Фудбал Италија Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот претседател на „старата дама“, Андреа Ањели имаше брутален одговор за нероаѕурите кои вчера го слвеа своето 20. Скудето и втората ѕвездичка на дресот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истовремено за Ањели ова е прво огласување на социјалните мрежи по објавата за Суперлигата. Тој на својот профил објави римски бројки кои во прв момент не ги разбраа многумина.

Но, сепак набрзо стана јасно каква порака сака да испрати. Имено, Ањели го напиша датумот кога Јувентус го освои своето 20. скудето и тоа е 16-ти мај 1982 година.

Ваквата објава на Ањели предизвика многу позитивни коментари кај фановите на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико и ПСЖ се заинтересирани за Феран Торес, Барселона се соочува со тешка одлука

Феран Торес е на мета на Атлетико Мадрид и Пари Сен-Жермен. Двата европски гиганти внимате…