Дома Трансфер зона Јувентус фаворит за потписот на новата италијанска ѕвезда

Јувентус фаворит за потписот на новата италијанска ѕвезда

Италијанскиот шампион Јувентус е фаворит за потписот на новиот фудбалски „бисер“ на Апенините, Николо Заниоло, пренесува „Тутоспорт“.

Многу е веројатно младиот играч за врска да ја напушти Рома на крајот на сезоната ако „волчицата“ на обезбеди пласман во Топ 4 и со тоа не избори учество во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес кон Занило покажуваат уште Милан, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но Јувентус во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис.

Заниоло ова лето пристигна во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер и при трампата беше проценет на 12 милиони евра.

Меѓутоа 19-годишниот фудбалер оваа сезона буквално „експлодира“, доби повик од италијанската репрезентација и неговата цена неколкукратно се зголеми.

Весникот тврди дека Јувентус е спремен да младиот Италијанец да плати 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…