Јувентус се надева дека во зимскиот преоден рок може да се засили со Мауро Икарди од Пари Сент Жермен.




Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а медиумите тврдат дека сака да се врати во Серија А.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Пред два дена претседателот на Јувентус, Андреа Ањели се сретна во Торино со агентот на Мауро Икарди, неговата сопруга Ванда Нара.




Сега Јувентус спрема понуда до ПСЖ и сака да го доведе Аргентинецот на 6-месечна позајмица со право на откуп.




Со оглед на фактот дека „светците“ сакаат да се ослободат од напаѓачот најверојатно ќе се согласат да го пуштат Икарди на позајмица.