Дома Топ вести Јувентус преговара со ѕвездата на Ливерпул

Јувентус преговара со ѕвездата на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода.

Италијанскиот гигант Јувентус покажува најсилен интерес за Белгиецот и сака да го донесе во зимскиот преоден рок.

„Бјанконерите“ се во потрага по класичен напаѓач и веќе стапиле во контакт со агентот на Ориги и спремаат понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…