Италијанскиот гигант Јувентус е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на многу европски гиганти.
Швајцарскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот, па веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Јувентус бара засилување за средниот ред бидејќи сака да се ослободи од Артур, а прва желба на Алегри е токму Закарија.
„Старата дама“ веќе стапила во контакт со неговиот агент и е спремна да плати симболична сума за да го добие неговиот потпис уште во јануари.