Дома Трансфер зона Јувентус побарал од Пјаниќ да се изјасни: Ако сакаш трансфер – кажи!

Јувентус побарал од Пјаниќ да се изјасни: Ако сакаш трансфер – кажи!

Tрансфер сагата околу Миралем Пјаниќ продолжи и денес околу неговиот евентуален трансфер во Барселона.

Веќе неколку недели на големо се шпекулира за тоа дека Миралем Пјаниќ би можел ова лето да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите на Апенините пишуваа дека Јувентус е спремен да го пушти Босанецот, само во случај некој клуб за неговите услуги да издвои околу 80 милиони евра.

Според пишувањето на „Калчомеркато“ од Јувентус денес му порачале дека немаат намера да го пуштат во Барселона бидејќи Масимилијано Алегри сериозно смета на неговите услуги.

Но, наводно исто така му соопштиле дека доколку Пјаниќ сака да трансфер во Барселона мора да се изјасни и да поднесе официјално барање за трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…