Дома Трансфер зона Јувентус од Премиер лигата носи замена за Рабио

Јувентус од Премиер лигата носи замена за Рабио

Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тилеманс има договор со Лестер до крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „лисиците“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се вклучил во трката за 25-годишниот Белгиец и сака да го донесе во Торино на лето како слободен агент.

Јувентус на лето ќе остане без Адриен Рабио, па во Тилеманс гледа идеална замена за Французинот.

Меѓутоа, „старата дама“ ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи интерес за играчот покажуваат уште Арсенал и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…