Португалскиот агент Жорге Мендеш сака еден од своите клиенти да го продаде во Јувентус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Нелсон Семедо би можел да ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот шампион.
Оваа сезона Семедо одигра 14 натпревари во дресот на Барселона, но планира да си замине од клубот и тоа во јануари со цел поредовно да игра во некој голем клуб.
Јувентус на таа позиција го има Данило, кој не игра стандардно и Де Шиљо кој не ги задоволува критериумите на тренерот Сари.
Поради тоа „бјанконерите“ веќе започнале преговори со Мендеш, но трансферот ќе зависи од цената која ќе ја постават Каталонците за својот фудбалер.