Дома Трансфер зона Јувентус доби понуда која нема да може да ја одбие

Јувентус доби понуда која нема да може да ја одбие

Иако Челзи понуди 65 милиони евра и медумите тврдеа дека Алекс Сандро е блиску до „Стенфорд Бриџ“, сепак во трката за Бразилецот се вклучи и Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ би можеле да му ги расипат плановите на Конте бидејќи имаат примамлива понуда за „бјанконерите“.

Имено, ПСЖ е спремен покрај кеш на Јувентус да му ги понуди и десниот бек Серж Орие како и играчот за врска Блас Матуиди.

Јувентус е заинтересиран за двајцата фудбалери. Орие би можел да биде замена за Дани Алвеш, а особено погодно за „бјанконерите“ е што има европски пасош.

„Старата дама“ преговара за Данило од Реал Мадрид, но во тој случај ќе ја потполни квотата за играчи надвор од ЕУ и нема да има простор за Даглас Коста.

Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ја преферира понудата на ПСЖ во споредба со онаа од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…