Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Кристиано Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради пандемијата со коронавирусот италијанските клубови трпат големи загуби, а најпогоден ќе биде Јувентус, кој добива најмногу од ТВ права.
Тоа може да го натера раководството на Јувентус да ја продаде првата ѕвезда, Кристиано Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра и така да ги „амортизира“ загубите.
Најсилен интерес за Португалецот покажува ПСЖ, кој е спремен да го продаде Нејмар и веќе бара замена за Бразилецот.
Како втора можна дестинација за Роналдо што ја најавуваат италијанските медиуми е Манчестер Јунајтед чиј дрес го носеше од 2003 година до 2009 година.