Италијанскиот шампион Јувентус сака да доведе фудбалер за кого експертите велат дека е „новиот Дибала“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, станува збор за младиот турски напаѓач Ченгиз Ундер кого во Турција го нарекуваат „новиот Дибала“. Овој млад напаѓач игра во Башакшекир, а минатата сезона на 32 натпревари постигна седум гола во турската лига.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за Турчинот и сака да го донеде уште ова лето во Торино.
Ундер веќе избори место во турската репрезентација, па јасно е дека станува збор за многу талентиран фудбалер.
„Старата дама“ е спремна за неговиот потпис да плати 14 милиони евра и да го остави една година на позајмица или во неговиот матичен клуб или во некој клуб од Серија А.