Матијас Де Лихт го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, а „бјанконерите“ веќе почнаа да бараат негова замена.




Италијанските медиуми тврдат дека наскоро нов член на „старата дама“ ќе стане најдобриот дефанзивец од минатата сезона во Серија А, Глеисон Бремер.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Бразилецот е трансфер цел број еден на Интер за засилување на дефанзивата, бидејќи е означен како идеална замена за Скриниар.
„Нероаѕурите“ веќе подолго време имаа договор со Бремер, но не можат да најдат заеднички јазик со Торино.




Јувентус ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го „украде“ играчот пред носот на Интер.
„Старата дама“ испратила понуда од 40 милиони евра, а на Бремер му нуди плата од 4,5 милиони евра по сезона.
#Calciomercato #SerieA | Se l'@Inter non riuscisse a chiudere per #Bremer in giornata, la @juventusfc sarebbe pronta con un'offerta più alta. I dettaglihttps://t.co/9faOgXufYb
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 18, 2022