Дома Останати Кошарка Јокиќ ги насмеа фановите со својот одговор на прашањето што би бил да не беше кошаркар

Јокиќ ги насмеа фановите со својот одговор на прашањето што би бил да не беше кошаркар

Најдобриот светски кошаркар и трикратен МВП на НБА, Никола Јокиќ ќе ја предводи Србија на Олимписките игри во Париз.

Избраниците на Светислав Кари Пешиќ многумина ги сметаат за најсериозен конкурент на Американците, кои ќе се борат за петтото злато по ред.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Репрезентацијата ги започна подготовките за турнирот, а како дел од нив играчите во кратко видео одговорија на прашањето што би правеле доколку не биле кошаркари.

Најмногу внимание привлече очекуваниот одговор на Јокиќ дека ќе биде одгледувач на коњи.

Позната е љубовта на Јокиќ кон коњите и коњичките спортови. Српскиот ас е сопственик на тркачка патека во родниот Сомбор, каде неговото семејство одгледува коњи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неговиот татко е легенда на Бразил, а тој ќе дебитира за – Англија!

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Тиаго Силва, ќе го оствари својот дебитантски нас…