Дома Македонски спорт Мак ракомет Јовиќ: Треба да играме борбено и да не се штедиме!

Јовиќ: Треба да играме борбено и да не се штедиме!

Ракометарите на Металург во СЕХА лигата по пет одиграни натпревари имаат две победи и три порази, а во среда го пречекуваат словенечкиот тим Горење Велење, која се наоѓа зад Металург на табелата.

Александар Јовиќ пред натпреварот истакна дека целта е тимот да игра подобро, но во исто време играчите да уживаат во играта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Претстојниот натпревар со екипата на Горење е последен пред Неделата на ЕХФ и е тест за нашите поставени цели. Наша примарна цел во оваа фаза од сезоната е да играме се подобро и се поборбено во од натпревар во натпревар. Треба да си помагаме еден на друг и да не го штедиме своето тело, бидејќи само така можеме да ја придобиеме публиката, која знае да процени дали една екипа игра борбено. Во напад треба да играме до конретна шанса за удар, а со тоа се почитуваме самите себе, го почитуваме клубот и ја почитуваме публиката. Резултатот ни е во втор план“, истакна Јовиќ кој го предводи тимот во отсуство на Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …