Црногорскиот репрезентативец, Стеван Јоветиќ би можел само после неколку месеци да во напушти тимот на Монако.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако пред крајот на преодниот рок потпиша четиригодишен договор со тимот од „кнежевството“, Јоветиќ не е среќен во Монако, а поради повреда пропушти голем дел од сезоната.
Јоветиќ уште во јануари сака да ја промени средината, а според тоа што го пишуваат медиумите нема да има проблем да најде нов клуб. За 28-годишниот напаѓач најсилен интерес покажува тимот на Саутемптон, што за Црногорецот ќе претставува враќање во Премиер лигата.
Покрај Саутемптон, интерес за Јоветиќ покажува и Севиља, каде минатата година со успех играше како позајмен фудбалер во вториот дел од сезоната.
Јоветиќ оваа сезона настапи на само 6 натпревари за Монако и постигна еден гол.