Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лигата, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус.
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а оваа сезона продолжи со одличните настапи.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но и самиот изрази желба да ја промени средината.
На лето ќе има голема битка за неговиот потпис, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да плати 75 милиони евра.
„Старата дама“ е спремна на лето да го продаде Влаховиќ и како негова замена да го доведе Ѓекереш.