Дома Фудбал Јамал самоуверен: Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Јамал самоуверен: Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Барселона во последно време игра одлично, а најголем придонес за добрите резултати има извонредната форма на напаѓачкото тројство на тимот од Каталонија.

Малкумина очекуваа дека напаѓачите на Барса вака ќе „се вклопат“ оваа сезона. Рафинха беше практично на излезна врата, клубот сакаше да се ослободи од него, но тој блесна оваа сезона и значително придонесе. За Левандовски беше очекувано дека ќе биде носител, а Јамал, и покрај тоа што зад него беше одлично Европското првенство, не беше очекуван.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму Јамал беше еден од предводниците на Барселона до одличен резултат во Лигата на шампионите и оцени дека неговиот тим е главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите:

„Ние сме фаворити да ја освоиме Лигата на шампионите сега кога Ливерпул испадна“, рече Јамал и додаде. Не се плашиме од ниту една екипа, ние сме семејство. Ние сме поинаков тим отколку минатата година против Пари Сен Жермен“, заклучи талентираниот криен напаѓач од Шпанија.

Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите игра против Борусија Дортмунд и ќе биде изразит фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија сонува за триумф против Данска во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Данска во Копенхаген во полуфина…