Поголемиот дел од играчите на Манчестер Јунајтед веќе сакаат Оле Гунер Солскјер да остане како постојан менаџер на тимот, пренесуваат англиските медиуми.
Норвежанецот дојде како привремен тренер до крајот на сезоната после отказот на Мурињо и стартуваше со пет победи во првите пет меча. Покрај добрите резултати Солскјер ја придоби и довербата на ѕвездите од тимот кои уживаат во работата со него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клупското раководство е во потрага по етаблирано тренерско име за следната сезона, но доколку Солскјер продолжи со одличните резултати, на „црвените ѓаволи“ ќе им биде тешко да го избркаат. Особено поради фактот што фудбалерите го обожаваат Норвежанецот.
„Мирор“ направи анкета, па мислењето на фановите не е многу поразлично. На прашањето дали Солскјер треба да остане и следната сезона, дури 77% од испитаните фанови одговориле позитивно.
Manchester United's players want Ole Gunnar Solskjaer to take the Old Trafford hot-seat on a permanent basis. (Source: Mirror) pic.twitter.com/P8ytYf0OEh
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2019